Ангеловски: Се вративме во игра за местата кои водат на ЕП 2020

Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа задоволство од победата против Летонија и освоените четири бода од септемврискиот репрезентативен собир во квалификациите за ЕП 2020.

„Најважно е што успеавме да славиме против Летонија. Имавме шанси и за поубедлив триумф, но бодовите се најважни. Сега да се надеваме дека ќе имаме супер реализација на следниот натпревар против Словенија во Скопје“ - истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата во Рига, притоа дополнувајќи:

„Кога ќе се сумира се по овој репрезентативен собир, може да жалиме за двата бода од Израел. Ќе имавме максимални шест, но и вака сме во игра иако многумина не отпишаа. Сега ни требаат ладни глави во репрезентацијата, а полни трибини затоа што победа над Словенија во следното коло не носи можеби и на второто место“ - рече македонскиот селектор.

Селекторот на Летонија, Славиша Стојанович ја потенцираше заслужената победа на Македонија на дуелот во Рига, нагласувајќи дека во моментов Летонија едноставно не може да парира на поквалитетниот противник на теренот.

„Примивме два гола уште на почетокот и потоа беше тешко да се игра. Македонија е поквалитетна селекција, а јас никогаш не сум задоволен кога ќе загубам натпревар. Им дадов шанса и на неколку млади фудбалери од кои релативно сум задоволен. Македонија беше стабилна, рутинирана и заслужено победи“ - истакна Стојанович.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали