МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 3. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Третото во двете второлигашки конкуренции веќе сосема јасно покажа кои се екипите кои ќе се борат за прволигашка промоција. Брегалница, Беласица и Тиквеш отворено се издвојуваат на Истокот, со тоа што штипски „сините“ покажуваат тотална доминација, додека на Западот, Гостивар, Лабуништа, Скопје се главните кандидати за водечките позиции на табелата.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 3. коло од двете второлигашки конкуренции...

1. ГОРАН ЈАНЕВ (ПЛАЧКОВИЦА)

Одличен на голот на Плачковица, најзаслужниот за освоениот бод на радовишани на дуелот против Кит Го.

2. УСНИ ИСМАИЛИ (ПЕЛИСТЕР)

Квалитетна партија на крилниот дефанзивец на Пелистер. Сигурен во дефанзивата но активен во средниот ред на тимот.

3. ЈОВАН МАНЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

Уште еден беспрекорен натпревар на младиот дефанзивец на Брегалница. Повторно стрелец на погодок во убедливата победа над Питу Гули.

4.  ТОШЕ ДЕЛОВ (ТИКВЕШ)

Творецот на победата на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол, по корнерот на Мојсов, за важни три бода за кавадарчани против Осогово.

5. ЃОРЃИ ЏОНОВ (КОЖУФ)

Со два гола најзаслужниот за триумфот на Кожуф против Победа од 2-1. Покрај погодоците и одличен во играта во дефанзивата.

6. ИЛБЕР АЛИЛИ (ГОСТИВАР)

И втор едноподруго натпревар стрелец за Гостивар за нова победа на својот тим, овој пат против Велазерими.

7. СТОЈАНЧЕ ВЕЛИНОВ (БРЕГАЛНИЦА)

Моторот во играта на Брегалница. Сите акции на тимот стартуваат токму од него. И на дуелот против Питу Гули, како и претходно, стрелец на погодок.

8. АНТОНИО КАЛАНОСКИ (ЛАБУНИШТА)

Го постигна единствениот гол на мечот за триумф на Лабуништа над Вардар Форино.

9. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)

Младиот крилен офанзивец на штипјани реди одлично одиграни натпревари. Наспроти и континуираните асистенции сега и стрелец на погодок во триумфот против крушевци.

10. ДЕЈАН МАРКОСКИ (СКОПЈЕ)

Творецот на победата на Скопје, стрелец на единствениот погодок за гостински триумф против Кадино.

11. ПЕПИ ЃОРГИЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

Уште една одлична партија за Пепи Ѓоргиев. Како и на претходниот дуел против Осогово, и сега стрелец на два погодоци за Брегалница.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали