Од Дрита реагираат на судењето на мечот со Пелистер во Битола

Од ФК Дрита реагираат на судењето на натпреварот против Пелистер во Битола од 3. коло во Втората лига - Запад. Од тимот од Боговиње се незадоволни од судењето на главниот судија Константин Влахо, барајќи од Судиската комисија да следи казни за судиската четворка.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ДРИТА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Фк "Дрита" АД со пораз и со горчина се враќа од Битола од натпреварот против Фк "Пелистер" АД во рамките на 3. коло во Втора македонска лига - Запад одигран на ден 07.09.2019 во 16.00 часот.

Горчина не поради поразот, туку поради фактот што нашиот тим е отштетена од судиската четворка особено од главниот судија Константин Влахо од Скопје.

Имено при резултат 1:1, во 54 минута на сцена стапи главниот судија, каде од сите присутни на стадионот само тој виде игра со рака во нашиот казнен удар и досуди пенал во корист на противничката екипа. Со тоа целосно влијаше на крајниот резултат на денешниот натпревар.

Исто така во 85. минута досуди уште еден сомнителен казнен удар за домашната екипа, каде прекршокот е направен надвор од казнен простор.

Главниот судија и по сите овие настани во текот на целиот натпревар, по завршувањето на натпреварот уште му се закануваше на нашиот преставник дека и во Боговиње исто би настапил како денес во Битола (за што ке биде подготвена пријава со докази за да се подигне дисциплинска постапка против истиот "КАБАДАХИЧЕН СУДИЈА").

Бараме од Судиската Комисија да се разгледа снимениот матриал од натпреварот и судијата Константин Влахо да биде драстичен казнет. Во спротивно ќе се отвора сомнеж дека Комесарот за делегирање намерно делегира судија за да постапува на натпреварот така како што постапи во Битола.

На крај остануваме со надеж дека нашите барања ќе се разгледаат и анализират добро, за во иднина истите намерни грешки да не се повторат, во спротивно првенството нема да има КРАЈ.

Спортски Поздрав,                        

Фк Дрита АД.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали