Гордоста на Велес: ФК Борец прослави јубилеј „100 години постоење“ (ФОТО)

Во убава фудбалска атмосфера на Градскиот стадион „Зоран Паунов - Паун“  во Велес со пријателскиот натпревар против суперлигашот ФК Вождовац од Белград, кој заврши без победник (1-1), се одбележа 100-годишнината од постоењето на фудбалскиот клуб Борец.

Фудбалскиот клуб Борец е основан во 1919 година во Велес и е еден од најстарите спортски колективи во државата. На почетокот бил основан под името Напредок, а денешното име го добил во 1926 година.

Овој клуб по 19 години натпреварување во пониските фудбалски рангови, оваа година се врати во Првата фудбалска лига. Растот на Борец започна пред три години со преземање на клубот од страна на компанија Брако, официјален сопственик на клубот и ангажирањето на врвниот тренер Горазд Михаилов.

Токму ко-сопственик на Брако и на клубот, Кочо Анѓушев пред почетокот на натпреварот на публиката и порача дека ќе го направат Борец да биде клуб кој нема да игра само епизодна улога во домашното првенство.



„Задоволство ми е што денеска гледаме полни трибини. Оваа глетка стана секојдневие кога игра Борец во Велес. Тоа е доказ дека граѓаните на Велес се желни за врвен фудбал. Препознавајќи ја страста на нашите навивачи пред три години одлучив прво како велешанец и љубител  на фудбалот да се зафатам со проектот Борец да стане стабилен, прволигаш а потоа и да излезе во Европа. Нашата визија е да формираме пред се млада екипа во која носители ќе бидат домашни играчи, зајакната со искусни играчи од странство, екипа која што ќе ја краси хемија и ќе дише како едно семејство. Велешани го заслужуваат најдоброто. Јас, стручниот штаб и фудбалерите ќе ги правиме горди нашите навивачи од недела во недела, а со нивното присуство на трибините тие ни покажуваат огромна поддршка и верба во нас, што искрено многу ни значи. Фудбал без навивачи не е комплетна игра“ - истакна Кочо Анѓушев.



Шефот на стручниот штаб Михаилов успеа за краток период со посветеност, работа и развивање на талентот на младите фудбалери да го помине патот и  да го внесе Борец во прва лига.

„Борец после 19 години повторно е во прва лига и тоа е одличен резултат. Задоволството за сегашниот успех на Борец е уште поголемо заради фактот дека ова е клубот каде пред 20 години бев активен играч, а денес како тренер повторно го гледам онаму каде што му е местото, во првата фудбалска лига. Секако дека овој успех не се должи само на мене како тренер, туку и на играчите, како и на целиот стручен штаб и моите соработници Ане Темелков и Кире Манев. Силата на клубот е во нашите играчи кои со тоа што го внесоа Борец во првата лига покажаа дека големи успеси се возможни и дека на овој клуб му претстојат уште многу прволигашки натпревари. Убаво е во иднина да има што повеќе вакви настани бидејќи 100 години е сепак голем момент за одбележување во секое општествено живеење“ - изјави тренерот Горазд Михаилов.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали