Алиоски: На сите ни е јасно, мораме многу подобро од мечот со Австрија

Езгјан Алиоски ги надмина проблемите кои го мачеа на крајот од ланската сезона, па почна да прикажува одлични игри во дресот на Лидс. Се очекува левиот бек да продолжи во ист ритам и во репрезентативниот дрес, се со цел да се остават зад себе разочарувачките игри и поразите од Полска и од Австрија во јунскиот квалификациски циклус.

„Атмосферата во националниот тим е добра, но оние порази од Полска и особено од Австрија малку како да не освестија. Сега на сите ни е јасно дека ќе мораме многу подобро да одиграме со Израел и со Летонија доколку сакаме да се вратиме на победнички патеки. Подготвени сме, максимално мотивирани, Израел ќе игра пред домашна публика, меѓутоа ќе мораме сето тоа да го издржиме, да покажеме карактер и квалитет ако сакаме да извлечеме поволен резултат“ - изјави Алиоски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали