Голем успех: Шкупи се пласираше во главните квалификации за ЛШ

Футсал екипата на Шкупи го освои првото место во претквалификациската група за ЛШ што се играше во Скопје, со што македонскиот првак си обезбеди влез во главните квалификации за елитното европско натпреварување.

Денешниот меч против летонскиот првак Локомотив беше дуел „да се биде или не“, бидејќи во случај на победа на противникот македонската екипа ќе паднеше на втората позиција на табелата. Сепак, Шкупи одигра одлично, доминираше во голем дел од натпреварот и на крајот заслужено триумфираше со 3-2. Македонскиот првак поведе со 2-0, а откако Летонците израмнија на 2-2 тимот на Шкупи собра сили за трет, победнички гол, што беше дело на Петровиќ во 36. минута.

Третото место во оваа група му припадна на Кардиф, додека четвртата позиција ја освои екипата на Енкамп.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали