Проблем за селекторот: Се повреди Аријан Адеми

Мали се шансите Аријан Адеми да може да му помогне на македонскиот национален тим на следните две гостувања против Израел и Летонија по повредата што капитенот на Динамо Загреб ја заработи на големото дерби со Хајдук. 

Адеми настрада при еден дуел на почетокот од второто полувреме, а по неговото излегување од игра Динамо прими гол и го загуби дербито со 1-0, со самото тоа и лидерската позиција на табелата. Повредата не делуваше нималку наивно, Адеми по укажаната помош остана на клупата, но наскоро потоа доби и црвен картон поради нервозната реакција по една судиска одлуката и приговорите кон главниот арбитар.

Во текот на утрешниот ден се очекува да се утврди точната дијагноза и прогнозите за паузата на Адеми, но се чини дека се минимални шансите за негов настап на септемвриските средби на Македонија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Тајмлес 2010“ и Горан Пандев: Шампионски прстен од Интер за Гранде Мачедоне (ФОТО)
25.05.2020
Најдобриот македонски фудбалер вечно ќе се сеќава на 2010, но ќе има шампионски прстен кој ќе го носи за спомен. Интер му подари шампионски прстен на Горан Пандев за фантастичниот успех што клубот го направи пред една деценија, кога го освои пехарот во Лигата на шампионите, но и трофеите во Серија А и во Купот на Италија.
Види детали