Женската селекција против Австрија ги почнува квалификациите за ЕП

Македонската женска А репрезентација во вторник, 3. септември, против Австрија во Виена ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во рамки на групата „Г“ од циклусот за пласман на Европско првенство.

Подготовките за престојниот квалификациски меч против Австрија, нашата селекција ги одработува во Скопје. В недела селекцијата патува во Виена, а мечот е закажан од 18 часот.

Селекторот Кирил Изов ги одреди фудбалерките кои ќе и се спротивстават на Австрија во Виена. Македонската репрезентација ја предводи капитенката Наташа Андонова.

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Рочи (Ассс Јунајтед), Магдалена Лекоска (СЦ Истатов);

Одбрана: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Драгана Колеска (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Јована Ѓорѓиоска (Деспина Прилеп), Симона Крстаноска (Брезница, Црна Гора), Ане Бошеска (Тиверија);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Јана Чубриновска (Деспина-Прилеп),Катерина Милеска (Деспина-Прилеп), Александра Марковска (Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (Тиверија), Јулија Живиќ (Драгон 2014);

Напад: Ели Јаковска (Конакбеледиеспор, Турција), Улза Максути (Асс Јунајтед), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Димоска (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија првпат на третата позиција по едни квалификации, Николов го „тресна“ Израел
19.11.2019
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел со 1-0 и за првпат еден квалификациски циклус ќе го заврши на третата позиција. Селекцијата на Игор Ангеловски квалификациите за ЕВРО 2020 ги заокружи со 14 бода.
Види детали