Кит Го промовираше уште три засилувања: Пашовски, Рајков и Најдов

Комплетирајќи го составот за новата сезона во Втората лига - Исток, Кит Го ги засили своите редови со уште три нови имиња, голманот Горан Пашовски, дефанзивецот Бојан Рајков и напаѓачот Петар Најдов.

Искусниот 39-годишен голман Горан Пашовски доаѓа од редовите на штипска Брегалница. Пашовски во својата богата кариера претходно има настапувано и за Пелистер, Шкендија, прилепска Победа, Напредок и Беласица.

21-годишниот дефанзивец Бојан Рајков исто доаѓа од редовите на Брегалница.

25-годишниот напаѓач Петар Најдов, пак, минатата сезона настапуваше за кавадаречки Тиквеш а сега дополнително ја засилува конкуренцијата во офанзивата во составот на Емил Грнев.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Тајмлес 2010“ и Горан Пандев: Шампионски прстен од Интер за Гранде Мачедоне (ФОТО)
25.05.2020
Најдобриот македонски фудбалер вечно ќе се сеќава на 2010, но ќе има шампионски прстен кој ќе го носи за спомен. Интер му подари шампионски прстен на Горан Пандев за фантастичниот успех што клубот го направи пред една деценија, кога го освои пехарот во Лигата на шампионите, но и трофеите во Серија А и во Купот на Италија.
Види детали