Драгонки добија „седумка“ за крај на квалификациите во ЛШ

Фудбалерките на ЖФК Драгон и со трет убедлив пораз во Групата 1 ги завршија квалификациите во Лигата на шампионите.

На турнирот кој се играше во Сараево, „драгонки“ во третиот натпревар загубија со 0-7 од израелскиот шампион АСА Тел Авив. Стрелци на головите за Израелките беа Ефраим, Коен, Накав, Сеиден, Езурике и Елинав во два наврати.

Македонскиот шампион претходно загуби со 0-11 од Брајдаблик, а во првото коло загуби и со 0-5 од домаќинот Сараево, на крајот завршувајќи на последното место во групата со вкупна гол разлика од 0-23.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Милевски: Фудбалерите се разочарани, но четири бода од два меча со конкурентите и не е лошо
15.10.2019
​Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски истакна дека може генерално да биде задоволен со четири бода од два натпревари со конкуренти за врвот на табелата, но сепак останува разочараноста што беше пропуштена победа против Казахстан во далеку подобра игра од противникот.
Види детали