Нови два гола на Несторовски за Удинезе

Илија Несторовски се наметнува како нов предводник на нападот на Удинезе по одличниот настап на македонскиот репрезентативец за пријателскиот натпревар со Сан Луиџи.

Удинезе триумфираше со 9-2, а првиот гол од пенал го постави Теодорчик, откако Несторовски беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Прволигашот потоа поведе со 3-0, за во финишот од полувремето на сцена да стапи Македонецот, кој набрзина постигна два погодоци, за предност на својата екипа од 5-0.

Несторовски влегува во одлична форма, а во следните две седмици ќе се обиде да се наметне кај тренерот Игор Тудор за место во првиот тим на стартот од новата сезона и дуелот со Милан закажан за 25 август.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија ЃП ремизираше со полскиот Погон на првиот тест во Анталија
21.01.2020
​Во првиот свој натпревар за време на подготовките во Анталија, Македонија ЃП ремизираше без голови со полскиот Погон Шчечин.
Види детали