Влахо: Слабата реализација придонесе да загубиме во Струга

Работнички со пораз (2-1) од Струга Трим Лум ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаа многу шанси, но не успеаја да реализираат од изгледни позиции. Тоа на крајот се покажа како кобно. 

На Александар Влахо и на фудбалерите сега им останува да анализираат и да ги корегираат грешките за натпреварот во следното коло.

„Никој не посакува пораз на стартот. Резултатски секако не можеме да бидеме задоволни. Но, играта беше на задоволително ниво, создадовме неколку одлични шанси, единствено потфрливме во реализацијата. Моравме да бидеме поефикасни, создадовме 6-7 убави можности пред противничкиот гол. Честитки за тимот на Струга Трим Лум за триумфот, ние останува да ја подобриме реализацијата, а верувам дека ќе биде многу поинаку веќе на следниот натпревар кога ќе го имаме на располагање и новото засилување Станиша Крстевски. Се надевам дека до крајот на преодниот рок ќе доведеме уште едно или две засилувања и Работнички ќе игра значајна улога во шампионатот“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.

Работнички во второто коло на домашен терен ќе го пречека составот на Шкупи.          

 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Сејдини на средба со првиот човек на косовската федерација: Соседите бараат повеќе билети за баражот од Лигата на нации
21.01.2020
​Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, во Приштина беше гостин на првиот човек на косовскиот фудбал, Агим Адеми.
Види детали