Таневски: Значајна, мотивирачка победа против Вардар

Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски не го криеше задоволството од триумфот над Вардар од 0-2 во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во пресметката на двата тима со значително подмладени состави, „лавовите“ се покажаа далеку тактички помудри, поподготвени и поодлучни во битката за бодови...

„Оваа победа секако е силно мотивирачка за продолжението од првенството. Нашите млади фудбалери покажаа фудбалска зрелост, мудрост и трпение на теренот што не донесе до триумфот. Може само да им честитам за начинот на кој го одиграа натпреварот за заслужена победа против Вардар. Секако, во наредниот период останува да корегираме одредени утврдени недостатоци во играта за да од натпревар на натпревар биде подобро“ - вели стратегот на „лавовите“, Александар Таневски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали