Елмас беше стартер против Барселона, но Наполи доживеа убедлив пораз

Елиф Елмас повторно доби шанса да биде стартер за Наполи против Барселона и на вториот пријателски натпревар што се одигра во Мичиген. Елмас го играше првото полувреме, а откако излезе од игра, Барселона се размавна и го декласираше Наполи со 4-0. 

Луис Суарез беше двоен стрелец, Антоан Гризман го постигна првиот гол за Барселона, а во листата на стрелците се запиша и Осман Дембеле.         

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија ЃП ремизираше со полскиот Погон на првиот тест во Анталија
21.01.2020
​Во првиот свој натпревар за време на подготовките во Анталија, Македонија ЃП ремизираше без голови со полскиот Погон Шчечин.
Види детали