Дејан Блажевски претставен како засилување за Македонија ЃП

Дејан Блажевски во новата сезона ќе го носи дресот на Македонија ЃП. искусниот напаѓач вели дека е подготвен да му помогне на тимот во остварување на целите.   

„Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата”, вели Дејан Блажевски.

Македонија ЃП во првото коло од новата сезона ќе му гостува на Вардар, некогашниот тим на Блажевски.  

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите
17.11.2019
​Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Види детали