Сејдини: Многу успех на прволигашите, огромен чекор е што лигата ќе биде на регионална ТВ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им посака многу среќа на клубовите во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Сејдини пред денешната ждрепка за двојките во новата сезона, истакна дека клубовите се столбот на федерацијата поради што ФФМ апсолутно и во иднина ќе продолжи со максимална поддршка како единствен начин за унапредување на фудбалската игра на домашната сцена.

„Вие сте столбот на федерацијата и затоа е нашата определба комплетните ресурси да ги насочиме како ваш сервис за создавање што подобри услови за работа. Сакам да ви посакам успешна сезона, посакувам позитивна фудбалска атмосфера на сите стадиони, фер-плеј и квалитетен фудбал“ - истакна претседателот Сејдини, притоа заблагодарувајќи се на сите кои овозможија постигнување договор со Арена Спорт за емитување на натпреварите од Првата лига.

„Јавно се заблагодарувам на спортската редакција на МТВ која допринесе да се постигне договор со Арена Спорт за емитување на натпреварите од Првата лига. Сето тоа многу значи за промоцијата на фудбалот и во регионот, сето тоа многу значи и за клубовите, и верувам ќе допринесе за подигнување на квалитативното ниво на фудбалот“ - истакна Сејдини.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали