Силекс се засили со Србинот Милош Жеравица, си замина Икиќ

Силекс за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили со искусниот српски интернационалец Милош Жеравица.

30-годишниот Жеравица, кој е фудбалер од средниот ред, доаѓа од редовите на Борац Бања Лука каде настапуваше изминатава сезона. Претходно во својата кариера има настапи и за Зрињски во шампионатот на БиХ, во српските ОФК Београд, Слобода Ужице и Напредак како и исландски Гриндавик.

Од редовите на кратовци, пак, си замина офанзивецот Петар Икиќ кој минатата сезона настапи на 13 натпревари а не постигна ниту еден погодок.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Работнички не отпатува на подготовки во Охрид поради позитивен случај на коронавирус
12.07.2020
ФК Работнички не отпатува на подготовки во Охрид откако се појави фудбалер со позитивен тест на коронавирус, објави клубот на официјалниот сајт.
Види детали