Дуделанж е следниот ривал на Шкендија

Дуделанж е тимот што ќе биде противник на Шкендија во следното квалификациско коло за Лигата на Европа, откако македонскиот првак денеска беше шокиран среде Скопје од Номе Калју, што значеше и елиминација од квалификациите за Лигата на шампионите. Така, наместо за седум дена тетовци да се сретнат со шкотскиот гигант Селтик, тие за ривал ќе го имаат првакот на Луксембург, во квалификациите за второто по ранг европско натпреварување.

Од претходно се знаеше дека во случај на неуспех Шкендија ќе се сретне со поразениот од двомечот Ла Валета - Дуделанж, во кој како победник излезе првакот на Малта/ Оваа пресметка исто така беше решена со повеќе постигнати голови во гости, првиот меч во Луксембург заврши 2-2, па Ла Валета со денешното реми (1-1) на Малта се пласираше во следната квалификациска рунда од Лигата на Европа. Фонтанела ја доведе Ла Валета во водство на денешниот реванш, Дуделанж во второто полувреме успеа да израмни преку Покар во 59. минута, што сепак беше недоволно за целосен пресврт.

Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар, на 25 јули во Скопје, а реваншот од овој квалификациски двомеч ќе се игра во Луксембург на 1 август.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали