Дашмир Беари е нов тренер на Велазерими

Дашмир Беари е именува за нов шеф на стручниот штаб на кичевскиот второлигаш Велазерими 77. Беари се договори на соработка со кичевци на една година, со можност за продолжување на договорот потоа на уште една година.

Во новата натпреварувачка сезона Велазерими влегува со максимални амбиции, поради што определбата е за ангажман на амбициозен тренер со богато искуство. Беари претходно во својата кариера беше тренер во Саудиска Арабија како и селектор на македонската репрезентација до 15 години. Негов помошник ќе биде Боби Тодоров, досегашен координатор на школата во помладите категории. Останува отворено единствено уште прашањето за тренер на голманите во клубот.

„Продолжуваме со нашата политика за форсирање млади и перспективни фудбалери. Секако планот е да се ангажираат и неколку искусни фудбалери како би се подигнало нивото на квалитет на тимот. Нашата цел во новата сезона ќе биде пласман во Првата македонска фудбалска лига“ - вели претседателот на Велазерими, Блерим Садику.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Бенјамин Демир - „моторот“ на Македонија ЃП, тајното оружје во новата сезона! (ВИДЕО)
22.10.2019
Без сомнение, 23-годишниот крилен офанзивец Бенјамин Демир со игрите сезонава веќе сериозно се наметна и како една од централните фигури на домашната прволигашка сцена. Поранешниот младински репрезентативец е еден од носителите на играта на Македонија ЃП која со максимално високи амбиции го минува актуелниот шампионат...
Види детали