Убедлив пораз за Академија Пандев од Зрињски во Лигата на Европа

Академија Пандев имаше лошо деби на европска откако загуби од Зрињски во Скопје со 0-3. Со тоа ги загуби шансите за пласман во следната квалификациска рунда од Лигата на Европа. Ирфан Хаџиќ во 12.минута го постигна првиот гол за гостите, Станиша Мандиќ беше стрелец на вториот погодок, а Миљан Говедарица во 56.минута го постави конечниот резултат.  

Мандиќ прв се закани во втората минута, шутираше од 14 метри, но Душан Чубраковиќ одбрани. Зрињски поведе во 12.минута. 

Кадушиќ нафрли од десната страна, а Ирфан Хаџиќ со удар со глава ја затресе мрежата на Академија Пандев.

Во 28.минута, Зрињски го удвои водството. Станиша Мандиќ беше стрелец на голот за гостите. 

Босанскиот претставник постигна трет погодок преку Говедарица во 56.минута и дефинитивно го реши мечот. 

Во 86.минута, Љупчо Дориев ја погоди гредата со удар од 20 метри, но мрежата на Зрињски сепак остана да мирува до крајот.  

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ЗРИЊСКИ 0-3 (0-2)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 2.000. Судија: Каи Ерик Стин (Норвешка). Стрелци: Хаџиќ 12’, Мандиќ 28’, Говедарица 56’ (Зрињски). Ж. картони: Димов, Стоилов (Академија Пандев).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Илиев, Димов, Костов, Атанаскоски, Томовски, Стоилов, Стојковски (66’ Темелков), Пандев (68’ Крстовски), Дориев, Миловановиќ (77’ Велиновски). 

ЗРИЊСКИ: Бркиќ, Кадушиќ, Јаковљевиќ, Барбариќ, Ругашевиќ, Рустемовиќ, Шовшиќ (76’ Пезер), Цурјуриќ, Говедарица, Мандиќ (83’ Бенцун), Хаџиќ (66’ Лендриќ).      

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали