Кит Го ќе тестира со Борец, Беласица, Кожуф и Плачковица

Подготвувајќи се за новата сезона во Втората лига - Исток стручниот штаб на ФК Кит Го ги договори и првите четири пријателски натпревари.

Пехчевци на 19. јули ќе одиграат тест дуел со Плачковица, на 24. јули е договорен контролен натпревар со струмичка Беласица, а на 27. јули во Пехчево ќе биде одигран и натпревар со новиот прволигаш Борец од Велес. На 1. август Кит Го ќе одигра и пријателски меч со Кожуф во Гевгелија.

Согласно програмата за подготовка на шефот на стручниот штаб Емил Грнев во август, пред стартот на новиот шампионат, планирани се уште два пријателски натпревари но противниците ќе бидат дополнително договорени.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали