Виктор Велкоски нов член на Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го претстави Виктор Велкоски како ново засилување. 23-годишниот играч за врска потпиша едногодишен договор со клубот од Дебар Маало и треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред. Тој веќе му е на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Виктор Велкоски има 23 години, игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а по потреба може да се снајде и во одбранбениот ред. Последните шест месеци ги мина во грчкиот клуб Егиниакос како интернационалец, а претходно беше дел од Вардар, Пелистер, Љубанци и Скопје.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали