Маневски се врати во Пелистер, „зелените“ сакаат враќање во Првата лига

Напаѓачот Борче Маневски се врати во второлигашот Пелистер и ќе биде големо засилување за битолскиот тим во обидот за враќање во Првата лига. Нови имиња се и Мирко Симјановски од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа, а тимот на Дарко Крстески го напуштија Ристе Марковски, Ристе Илиовски, Јовче Трајковски и Петар Љамчевски.

Кадровски Пелистер е засилен со Пеце Коруновски на позицијата спортски директор, а составот почна со летните подготовки.  

„Почнуваме со лесни тренинзи денеска и утре, а од петок следи двојна програма. Имаме време, нема да се форсираме, но ако сакаме Прва лига, таа сега се сработува, во подготвителниот период, оти кога ќе дојдат натпреварите - ќе биде доцна. Пелистер ќе работи во Битола, ќе одигра пет пријателски натправари, дел од нив најверојатно во Охрид“, изјави тренерот Дарко Крстески.

Фото: www.bitolanews.mk

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Биелса со пофалби за Алиоски: Му требаше време..., но сега игра во извонредна форма
22.10.2019
​Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Види детали