Леванте е новиот клуб на Наташа Андонова

Леванте е новиот клуб на најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, која денеска потпиша едногодишен договор со екипата од Валенсија. Андонова доаѓа во Леванте од редовите на Барселона, тим со кој лани стигна до финалето од Лигата на шампионите, а го освои и второто место во шпанскиот шампионат.

Сериозен интерес за македонската фудбалерка покажуваше и новиот шпански првак Атлетико Мадрид, но таа реши да се пресели во Леванте, клуб каде сигурно ќе има далеку поголема минутажа. 

Наташа Андонова одигра 58 натпревари за Барселона, притоа постигнувајќи и осум погодоци. Претходно таа има настапувано и за ПСЖ во Франција, за Розенгард во Шведска и за Турбине Потсдам во германската Бундес-лига.

За потсетување, за машката екипа на Леванте настапува нашиот репрезентативец Енис Барди.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали