Мециновиќ потпиша за Подгорица

Македонскиот интернационалец Јасмин Мециновиќ останува во првенството на Црна Гора, но во новата сезона ќе го носи дресот на новиот прволигаш Подгорица. Тој минатата сезона беше дел од Рудар Пљевља, а одлучи да ја прифати понудата на Подгорица.

За дефанзивецот Мециновиќ, кој има 28 години, ова е 15-ти различен клуб во кариерата. Тој беше интернационалец и во Малезија, Либан, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Молдавија...

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали