Македонија со феноменален гол на Мојсовска ремизираше против БиХ (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ремизираше (2-2) на гостувањето против соодветната селекција на БиХ.

Натпреварот, без сомнение, го одбележа феноменалниот погодок на Кристина Мојсовска која во 92. минута погоди директно од слободен удар од 40 метри за конечни 2-2...

Претходно, Македонија поведе уште во 6. минута со 0-1 со голот на Теодора Николовска, а домашните фудбалерки постигнаа потоа два погодоци преку Милинковиќ во 34. минута и Хасановиќ во 67. минута.


Селекторот Тоше Нацев на натпреварот против БиХ се одлучи да настапи во следниот состав: Колевска, Лимани, Идризи, Велкова, Милчевска, Ефтинџиовска, Цоклеска, Николовска, Недева, Јовановска и Петкова. Уште играа: Стеблева, Мојсовска, Сулејмани, Головска, Хани, Трипчевска, Цунева, Бартон и Зафировска.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали