Андонова се раздели со Барселона

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова ја завршува својата соработка со шпанскиот гигант Барселона.

Андонова и преку социјалните мрежи се збогуваше од Барселона, потврдувајќи дека дојде крај на соработката со каталонскиот клуб.

„Дојде време да ја соопштам одлуката за заминување од Барселона, клуб кој ми ги отвори вратите пред две години и секој ден потоа ме натера да се чувствувам како дел од семејството. Ова беа две неверојатни, но, сепак, тешки сезони, бидејќи од различни причини не можевме да ја покажеме нашата супериорност во клучните моменти. Заминувам со чувството дека имам дадено сè за да помогнам и свесна сум дека ја добив љубовта и професионалноста на ова големо семејство до степен до кој заслужуваме како професионални фудбалери“ – напиша  Андонова.

Андонова за составот од Каталонија одигра 43 средби и постигна седум голови. Според најавите, македонската репрезентативка кариерата треба да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали