Шишковски се враќа на голот на Работнички, утре „романтичарите“ почнуваат со подготовки

Голманот Дамјан Шишковски се враќа во редовите на Работнички, објави клубот.  Тој се договори со раководството на „романтичарите“ за едногодишна соработка која ќе отпочне откако ќе завршат обврските на голманот Шишковски со финскиот клуб Ропс, кој ќе земе учество во квалификациите за Лигата на Европа. По овие настапи, Шишковски ќе се приклучи на составот на новиот тренер Александар Влахо.

Утре Работнички ќе ги стартува летните подготовки за новата сезона. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка во клупските простории, со почеток во 18 часот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Милевски: Фудбалерите се разочарани, но четири бода од два меча со конкурентите и не е лошо
15.10.2019
​Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски истакна дека може генерално да биде задоволен со четири бода од два натпревари со конкуренти за врвот на табелата, но сепак останува разочараноста што беше пропуштена победа против Казахстан во далеку подобра игра од противникот.
Види детали