Стразбур и АЗ Алкмар можни ривали за Македонија ЃП, Штурм и Утрехт за Академија Пандев и за Шкупи

Македонските претставници во квалификациите на Лигата на Европа имаат силни противници во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, но доколку успеат да го елиминираат ќе добијат уште позвучни во следното коло, а ждребот ќе биде извршен денеска, со почеток во 13 часот, во Нион.

Академија Пандев во првото коло игра против Зрињски (БиХ), а Шкупи ќе ги одмери силите со Пјуник (Ерменија). Ако ги елиминираат овие ривали, во следното коло ќе ги чекаат многу потешки ривали, како Штурм, Утрехт, АЕК Ларнака, Јаблонец, Легија Варшава...

Македонија ЃП во првото квалификациско коло ќе се сретне против Алашкерт (Ерменија), а ако помине во следното коло, можни противници се Млада Болеслав, ФЦСБ, Стразбур, АЗ Алкмар, Спартак Трнава, Аполон Лимасол...


Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали