Женската селекција поразена и на вториот тест меч од Албанија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа и втор пораз на пријателските натпревари против Албанија.

Македонија денеска во Охрид загуби со идентични 1-3 (0-2), како и пред три дена на дуелот кој се одигра во Албанија.

Албанките победија со головите на Бајрактари во 2. минута, Красниќи во 43. минута и Рахмани во 67. минута. Единствениот погодок за македонската селекција беше дело на Рочи од пенал во финишот од натпреварот.

Претходно, во првото полувреме, при 0-1 за гостинките капитенот на македонската селекција Наташа Андонова не реализираше удар од белата точка.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали