Пад од пет места на најновата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пад од пет места на најновата ФИФА ранг-листа и во моментов се наоѓа на делба на 73. позиција заедно со репрезентацијата на Кина.

Лошите настапи на квалификациските дуели со Полска и Австрија беа клучот за падот на националниот состав, кој изминатиот период бележеше само искачување на фифа-ранкингот. Од противниците во групата Полска е најдобро рангирана 19. Следува Австрија која е 26, а пред нас уште е и Словенија која е 65. Израел е 82, додека аутсајдерот Летонија е 137.

На врвот останува Белгија, пред актуелниот светски шампион Франција, Бразил и Англија, а во топ 10 уште се наоѓаат и Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали