Женската репрезентација се собра во Охрид за пријателскиот двомеч со Албанија

Женската А репрезентација на Македонија од вчера е на собир во Охрид, каде се подготвува за пријателскиот двомеч со Албанија.

„Пред нас е јунскиот собир на Женската А фудбалска репрезентација на Македонија и двомечот со селекцијата на Албанија, на 13. јуни во Албанија и на 16. јуни во Охрид. Со оглед на тоа што натпреварувачката сезона е веќе завршена и се чувствува одреден замор кај повеќето од репрезентативките, заедно со стручниот штаб повеќе ќе работиме на тактичко техничкиот дел и освежувањето на фудбалерките како би можеле во моментов да го извлечеме максимумот од нив во овие два натпревара против еден мошне силен противник.Со големо задоволство можам да ја известам фудбалската јавност дека е најден заеднички јазик и во националниот дрес после извесен период се враќаат најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и искусниот напаѓач Гентијана Рочи со кои добиваме многу на искуство и квалитет и се надевам на уште подобри резултати во наредниот период за нашата најдобра женска фудбалска селекција“ - вели селекторот Кирил Изов.

Натпреварите со Албанија се вовед во подготовките за квалификациските натпревари на женската А репрезентација, каде сме во група со Франција, Австрија, Србија и Казахстан.

Првиот натпревар на 13. јуни ќе се одигра на Либражд Сопот стадионот во Албанија, а вториот на 16. јуни на СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Двата натпревара се со почеток од 17 часот.

Селекторот Кирил Изов за тестовите со Албанија ги повика следните фудбалерки:
Викторија Панчурова (голман) - ЖФК Тиверија, Струмица
Суарта Речи (голман) - ЖФК АС Јунајтед, Струга
Магдалена Лекоска (голман) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран
Маја Ангелоска (одбрана) - ЖНК Олимпија, Словенија
Павлинка Николовска (одбрана) - ЖФК Црвена Звезда, Србија
Драгана Костова - ЖФК Драгон 2014, Скопје
Хава Мустафа - ЖФК Тетово 2017, Тетово
Гентијана Рочи - ВФЦ Купс, Финска
Наташа Андонова - Барселона, Шпанија
Елма Шемшовиќ - ЖФК Драгон 2014, Скопје
Александра Марковска - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран
Александра Ристовска - ЖФК Тиверија, Струмица
Улза Максути - ЖФК АС Јунајтед, Струга
Драгана Колевска - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран
Рабија Дервиши - ЖФК Драгон 2014, Скопје
Ели Јаковска - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран
Јулија Живиќ - ЖФК Драгон 2014, Скопје
Симона Крстаноска - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран
Јована Ѓорѓиоска - ЖФК Прилеп, Прилеп
Теодора Димоска - ЖФК Тиверија, Струмица
Марија Белистојановска - ЖНК Марибор, Словенија

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали