Митревски ја продолжува кариерата во романски Сепси

Македонскиот интернационалец Ристо Митревски ја продолжува кариерата во романскиот прволигаш Сепси.

27-годишниот Митревски, по завршувањето на договорот со израелски Хапоел Хаифа се одлучи да се пресели во Романија потпишувајќи денеска двегодишен договор со Сепси.

„Среќни сме што добиваме одбранбен фудбалер со огромно искуство на европската сцена, кој дополнително ќе ја зацврсти конкуренцијата во дефанзивните редови“ - информираа од раководството на романскиот прволигаш.

Македонскиот дефанзивец претходно во својата кариера има настапи за Работнички, Победа, Металург, Напредок и Тетекс на домашната сцена, како и за Сараево во БиХ и хрватскиот прволигаш Истра.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали