Тодоровски ја напушти Шкендија и замина во Албанија

Благоја Тодоровски повеќе не е член на Шкендија откако денеска го раскина договорот со македонскиот првак.

„Тодоровски повеќе не е дел од нашиот клуб, откако постигнавме договор за предвремен прекин на соработката. Тој дојде во Тетово во јануари 2015 година и со нашиот клуб освои две титули и два куп-троеи. Му благодариме на Тодоровски за придонесот за нашиот клуб“ - објави Шкендија на својата официјална веб-страница.

Искусниот 34-годишен десен бек веднаш по добивањето на исписница од тетовските „црвено-црни“ го обелодени и својот нов клуб, албанскиот прволигаш Теута. Тодоровски потпиша договор со Теута на една година, со можност соработката да биде дополнително продолжена.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали