Музафер Ејупи повторно во дресот на Славен Белупо

Поранешниот македонски репрезентативец Музафер Ејупи се врати во редовите на Славен Белупо, потпишувајќи едногодишен договор со тимот од Копривница.

По три сезони минати во Осијек, Ејупи се одлучи да се врати во Славен каде претходно во 54 настапи постигна 24 погодоци.

„Убаво е чувството повторно да се вратиш во Славен Белупо. Една од причините за моето враќање беше и сеќавањето на одличниот период минат тука, но и разговорите со раководството кое сака да направи чекор напред од резултатски аспект следната сезона. Се вратив во средина која добро ја познавам и каде се чувствувам одлично“ - истакна Ејупи на промоцијата во старо-новиот дрес.

30-годишниот офанзивец кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно во својата кариера има настапи и за Металург, Шкендија и Хоризонт Турново на домашната сцена, албански Скендербег како и турскиот Карталспор.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали