ФФМ: Благодариме за поддршката против Полска и против Австрија

Фудбалската Федерација на Македонија преку кратко соопштение на својата официјална веб-страница испрати јавна благодарност до фановите за дадената поддршка на последните репрезентативни натпревари, но и до сите оние кои беа вклучени во беспрекорната организација на дуелите со Полска и со Австрија.

Соопштението од ФФМ го пренесуваме во целост:

Фудбалската Федерација на Македонија сака да упати искрена благодарност до сите навивачи, сите љубители на фудбалот кои беа присутни на Националната Арена Тодор Проески за натпреварите со Полска и Австрија. Ви благодариме што во толкав број покажавте како се сака и се бодри нашата репрезентација со срце, и во победите, но и во поразите.

Искрена благодарност и до сите служби кои беа вклучени во беспрекорната организација на натпреварите. Особена благодарност до Министерството за Внатрешни работи и службите на Националната Арена Тодор Проески. Сите оценки од страна на УЕФА укажуваат на тоа дека ние како држава сме подготвени на највисоко ниво да организираме натпревари оценети како висок ризик, и со тоа да бидеме пример за останатите земји и федерации во регионот и  во Европа.

Се надеваме дека и во иднина ќе ја имаме поддршката и од вас, навивачите, и од службите кои беа дел од тимот на организација на натпреварите, дека ќе покажеме сплотеност на теренот, но и надвор од него - обединети во радоста која ја носи фудбалот!

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали