Николов: Се чувствуваме како во пеколот....

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација Бобан Николов не може да го сокрие огромното разочарување по дебаклот кој Македонија го доживеа од Австрија во квалификациите за ЕП 2020.

Македонската селекција неочекувано потфрли доживувајќи убедлив пораз од 1-4 на домашен терен.

„Не одигравме на посакуваното ниво, и тоа ни е на сите јасно. Загубивме но и добивме бројни навреди кои навистина не болат. Сега се чувствуваме како во пеколот а треба да одиме на одмор пред новата сезона“ – рече Николов и дополни:

„Во секој случај треба добро да се замислиме и во иднина да корегираме недостатоците во играта до крајот на овие квалификации“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Националните лиги ќе се играат до почетокот на август, мечот Македонија - Косово во септември
01.04.2020
Националните фудбалски првенства ќе се играат до крајот на јули или почетокот на август, а дотогаш ќе бидат одиграни и европските натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа. За септември се одложени бараж - натпреварите од плејофот во Лигата на нации за пласман на Европското првенство.
Види детали