Ангеловски: Сосема заслужена победа на Австрија

Австрија дојде во Скопје и ја декласира Македонија со 1-4. Можеби и неочекувано убедливо, но според прикажаното на теренот, сосема заслужено. Селекторот Игор Ангеловски вели дека нашиот национален тим не успеал да парира во дуел – играта. Поразот на Македонија е апсолутно заслужен.

„Ако против Полска можевме да кажеме дека незаслужено загубивме, овојпат поразот е сосема заслужен. Австрија беше подобра, не наттрчаа, добија најголем дел од дуелите, создадоа многу шанси и постигнаа четири гола. Ние париравме во првото полувреме и до пеналот, со кој Арнаутовиќ донесе водство (1-2) за Австрија, потоа објективно бевме немоќни на физички план. Не бегам од одговорноста, тренерот секогаш е виновен кога ќе загуби неговиот тим. Австријците создадоа многу шанси и Столе Димитриевски беше на висина на задачата и покрај четирите примени голови. Ако се навратиме на првото полувреме, можеби мечот ќе имаше друг тек ако постигневме втор погодок, преку шансите на Пандев и на Несторовски. Шансите за пласман на ЕП не се загубени, јас бев првиот што ја подигна летвичката кога се очекувањата во прашање и побарав од фудбалерите да се бориме за највисок пласман. На три бода сме од второпласираната селекција во групата, имаме се уште шанси, квалификациите не се загубени“ - изјави Ангеловски на прес-конференцијата по мечот.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите
17.11.2019
​Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Види детали