Јусуфи е првото засилување на Шкупи

Левото крило на Ренова, Фатон Јусуфи, е првото засилување за тимот на Шкупи за наредната натпреварувачка сезона. Тимот од Чаир денеска објави дека ја прекинува соработката со петмина фудбалери, за потоа да биде официјализирано и доаѓањето на Јусуфи како прв летен трансфер.

„Голема е честа да го облечам дресот на легендарен клуб како Шкупи. Проектот на управата ми се допадна, исто како и стилот на игра на Шкупи во минатата сезона. Се надевам дека и со Шкупи ќе ги продолжам успесите од моите претходни сезони“ - изјави Шкупи при потписот на договорот за една сезона.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија првпат на третата позиција по едни квалификации, Николов го „тресна“ Израел
19.11.2019
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел со 1-0 и за првпат еден квалификациски циклус ќе го заврши на третата позиција. Селекцијата на Игор Ангеловски квалификациите за ЕВРО 2020 ги заокружи со 14 бода.
Види детали