Лече сака да го има Несторовски за настапот во Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски би можел да се пресели во Лече. Тој е желба на раководството на новиот италијански калчолигаш кој посакува да го доведе Нестор - гол во тимот за настапите во Серија А.

По проблемите што го имаше Палермо, клубот на Несторовски и Трајковски кој беше исфрлен во Серија Ц, но потоа и вратен во второлигашка конкуренција по судски пат, за Нестор-гол се интересираат неколку калчолигаши меѓу кои и Фиорентина.

Во моментот Несторовски е на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два квалификациски натпревари, против Полска вечерва на арената „Тодор Проески“, и против Австрија на 10 јуни.          

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Тиквеш го доби дербито со Брегалница: Мојсов го освои Штип (ФОТО)
19.09.2019
​Брегалница имаше повеќе од играта со бројни можности за погодок во дерби пресметката од 5. коло во Втората лига - Исток, но сето тоа залудно кога на крајот трите бода од Штип ги носи Тиквеш по триумфот од 0-1 благодарение на погодокот на искусниот Ѓорѓи Мојсов во 72. минута од натпреварот.
Види детали