Сејдини му честиташе на Инфантино за реизборот во ФИФА

Во главниот град на Франција се одржува 69. Конгрес на ФИФА на кој учествува раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

На Конгресот на ФИФА, актуелниот претседател, Џани Инфантино доби доверба да ја предводи Светската фудбалска асоцијација во нов мандат, од 2019. до 2023. година. 49.годишниот Швајцарец беше единствениот кандидат за претседател на ФИФА.

Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини му честиташе на Џани Инфантино за добиената доверба напоменувајќи дека администрацијата на ФИФА постигна исклучителни резултати и успеси во досегашните проекти под раководство на Инфантино.

„Во име на ФФМ и мое лично би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да посакам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија. Џани се докажа како исклучителен лидер на ФИФА, заедно со неговиот тим и администрацијата на ФИФА постигнаа одлични резултати и успеси во проектите и убеден сум дека во таа насока ќе продолжи“, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

По изборот за претседател на ФФМ на Муамед Сејдини, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино упати честитка со напомена дека ФФМ секогаш може да смета на негова лична и поддршка на ФИФА со цел да се остварат целите на ФФМ.

„Уверени сме дека вашето знаење, лидерство и искуство претходно и како в.д. претседател на ФФМ, потпретседател и член на Управниот одбор на федерацијата, секако ќе има позитивно влијание за понатамошниот развој на фудбалската игра во вашата држава. Вие секогаш може да сметате на моја лична поддршка и секако поддршка од ФИФА сѐ со цел да го остварите зацртаното. Вратите на нашата организација секогаш ќе ви бидат отворени за разговори кои можат да придонесат за развој на нашата игра“, стоеше во честитката до Муамед Сејдини. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали