Десет факти за дебитантската сезона на Кит Го во Втората лига

Дебитантската сезона во Втората лига на Македонија фудбалерите на ФК Кит Го ја завршија на петтата позиција, дел од првата половина на табелата, веројатно како најава за далеку поуспешни следни натпреварувачки сезони но и простор за добра анализа дали тимот, кој ги има едни од убедливо најдобрите услови за работа во Македонија, можеше и подобро.

Како и да е, низ десет пооделни факти останува да се забележат најзначајните моменти кои неизбежно треба да се издвојат од сезоната 2018/2019 на пехчевци.

* Кит Го првенството го заврши со 14 победи, 8 нерешени и 5 порази, и гол-разлика од 55-18 (+37 погодоци) - најдобра по велешки Борец.

* Кит Го е втората најефикасна екипа во Втората лига - Исток со постигнати 55 погодоци на 27 натпревари, веднаш зад Борец кој запиша 63 гола.

* Највисоката победа воопшто во двете второлигашки конкуренции во изминатата сезона е на Кит Го од 11-0 против Партизан Обршани.

* Историски пласман во осминафиналето од Купот на Македонија и пресметки со шампионот Шкендија. Во 1/16-финалето елиминиран тимот на Шкупи со победа од 2-0, со головите на Мартин Стојанов.

* Најдобар стрелец е Иван Настевски со 12 постигнати погодоци на 22 натпревари.

* Со најголем број одиграни натпревари е Мартин Димоски кој ги одигра сите 27 натпревари во сезоната и со вкупна минутажа од 2360 минути. Зад него се Мартин Стојанов и Александар Темелков со 1957 одиграни минути и Никола Тонев со 1933 одиграни минути.

* Вкупно 21 фудбалер добија можност да настапат најмалку на еден натпревари во дебитантската второлигашка сезона за клубот.

* Кит Го е убедливо најкоректната екипа во Втората лига со само еден добиен црвен картон во 27 натпревари, на Кристијан Апостоловски.

* Најмногу жолти картони има Иле Сенев (седум), а по него се Александар Темелков и Владимир Дујовски со по пет добиени жолти картони.

* Двајца тренери го водеа Кит Го во дебитантската сезона во Втората лига. Сезоната ја почна Трајче Сенев, а во пролетниот дел од шампионатот го замени Добринко Илиевски - Пижон.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 5. КОЛО!
16.09.2019
Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана
Види детали