МАКФУДБАЛ - Тим на месец мај во Втората лига!

Месец мај ги промовираше Борец и Струга Трим Лум како нови прволигаши од следната сезона. И двата тима сосема заслужено, на доминантен начин, обезбедија прволигашки статус. Во битка за Прва лига останува уште и Тиквеш кој утре против Силекс во финалната бараж пресметка ќе се бори за место во елитата. Од овие три клуба, заедно со Лабуништа и Кит Го кои имаа одличен месец се издвојуваат и најдобрите за месец мај во изборот на МАКФУДБАЛ.

Во одбраната пред голманот Микица Ѓорѓиевски од Борес, се дефанзивците на Лабуништа, Дејан Лескароски и Дарко Симјаноски, заедно со Арбен Тафе од Струга Трим Лум кој имаше неколку извонредни натпревари и искусниот Благоја Љамчевски од Пелистер.

Во средниот ред е неповторливиот двоец на Кит Го, Иван Настевски и Мартин Стојанов заедно со еден од најдобрите фудбалери во Втората лига, Ѓорѓи Мојсов од Тиквеш кој е вистински лидер на кавадарчани во обидите да се дојде до толку посакуваната Прва лига.

И во офанзивата, најдобрите тројца стрелци во второлигашката конкуренција, Симеон Христов и Марко Ѓорѓиевски од Борец заедно со Флорент Османи од Струга Трим Лум.
 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали