Репрезентацијата до 19 години подобра од Израел

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години и се реваншираше на соодветната селекција на Израел на вториот пријателски натпревар кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

По првиот пораз од 1-2, сега избраниците на Горан Станиќ славеа со 2-0, со головите на Тошевски во 20. минута и Елези од пенал во 85. минута.

Следната недела македонските надежи ќе одиграат и два пријателски натпревари со селекцијата на Црна Гора.

МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2-0 (1-0)

Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје. Стрелци: Тошевски 20′ Елези (п) 85′ (М).

МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Јанкулов, Димоски, Николов, Митревски, Ѓурковски, Елези, Тошевски, Мухарем, Новевски, Тодороски. Уште играа: Андов, Трпчевски, Таири, Николоски, Миланов, Тасевски, Максимов, Воша, Алии.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали