Настевски со сериозна самокритика: Според условите кои ги имаме и играчкиот кадар, моравме повеќе сезонава

Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го во изминатава сезона, Иван Настевски со сериозно самокритична анализа за изминатава деби сезона на нашиот тим во Втората лига на Македонија.

Настевски вели дека, согласно играчкиот кадар и условите кои ги има за работа, Кит Го можел и морал многу повеќе од освојувањето на средината на табелата.

„Кога ќе направиме осврт на целата сезона не можам да кажам дека сум комплетно задоволен. Загубивме бодови таму каде што не смеевме, правевме многу грешки на пооделни натпревари и тоа скапо не чинеше. Според играчкиот кадар и условите кои ги имаме за работа мораше да бидеме подобропласирани од средината на табелата. Но, не бевме доволно компактни и дрски на клучните натпревари“ - вели Настевски кој смета дека последниот дел од шампионатот покажал дек овој тим може многу повеќе...

„Секој од нас фудбалерите треба да си направи сам на себе анализа и каков допринос дал за екипата. Мора да бидеме самокритични затоа што само со воочување на грешките може да одиме напред. Гордоста не треба да не води, затоа што во тимската игра место за гордост нема. Во секој случај само заедно, сплотени и со нови сили понатака може да одиме напред. Токму последениот дел од сезоната, игрите и резултатите, некако го донесоа посакуваниот лик на тимот и верувам дека тоа ќе ни биде вистинска водилка за следната сезона“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали