Сејдини: Посакувам успешни настапи на Шкендија, Ак. Пандев, Шкупи и Македонија ЃП во европските купови

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по завршувањето на натпреварувачката сезона 2018/2019 упати честитки за ФК Шкендија за освојувањето на шампионската титула како и до ФК Академија Пандев за освојување на Куп натпреварувањето во нашата држава.

Сејдини во своето обраќање до јавноста упати честитки и за ФК Борец - Велес и ФК Струга Трим Лум за освојувањето на титулите во Втората лига, и промоцијата во нови македонски прволигаши.

„Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни желби до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица, како и до сите навивачи, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е инструмент во победата на својот клуб. Шкендија го потврдува квалитетот веќе неколку години, а тоа е плод на добрата работа на стручниот штаб, одличната селекција и квалитетното раководство. Фудбалот е многу важен фактор во нашето општество и затоа е важно да им дадеме поддршка на нашите клубови и во нивните настапи во европските купови. Имаат право да сонуваат дека можат да стигнат далеку и во натпреварувањата на УЕФА. Им посакуваме многу среќа и со еднаков жар како и досега да го претставуваат својот дрес и македонскиот фудбал во Европа. Академија Пандев воодушеви многумина со постигнатите резултати сезонава и освојувањето на Купот во нашата држава. Верувам дека во континуитет ќе работат и функционираат стабилно, цврсто и плански. Убеден сум дека и во иднина неуморно ќе работат на создавање нови таленти, нешто што претставува визија на клубот и не се сомневам дека од тоа голема корист ќе има и македонската репрезентација. На сите македонски претставници во европските купови, Шкендија, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. им посакувам добар ждреб, многу среќа и успех во следните натпревари“ - вели Сејдини во своето обраќање и дополнува:

„Би сакал да упатам честитка до новите прволигаши, Борец Велес и Струга Трим Љум за првото место во 2 МФЛ - исток и 2 МФЛ - запад. Резултатот на двете екипи сигурно не е случаен, напротив, тоа е плод на квалитетната работа во клубовите и се надевам дека успехот ќе го продолжат и во натпреварите од најдобрата конкуренција следната сезона. Честитки за Велес и Струга“.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали