Милевски со 26 фудбалери на првиот список за Финска

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави поширокиот список од 26 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на дуелот со Финска, пријателски меч што нашите фудбалски надежи ќе го играат во Трнава, Словачка, на 6 јуни. Подготовките почнуваат утре, а Милевски веднаш обелодени дека конечниот список ќе биде откриен по одигрувањето на селективен меч на 2. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Изгледот на нашата млада селекција во многу работи ќе зависи и од статусот на повредените фудбалери, со оглед на фактот дека тројца репрезентативци, Јани Атанасов, Џемал Ибиши и Томче Гроздановски се жалат на повреди и лекарскиот тим во репрезентацијата ќе одлучи дали можат да настапат.


СПИСОК

Голмани: Томас Божиновски (Феиренше, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котески (Победа),

Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Нехар Садики (Ренова), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Денис Стошиќ (Шпилберг, Германија), Михаил Маневски (Академија Пандев), Никола Серафимов (Брегалница);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов * (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Миле Тодоров (Осијек, Хрватска), Енсар Љума (Шкендија), Томче Гроздановски * (Злате Моравце, Словачка);

Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Џемал Ибиши *(Вардар); 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали