Илијоски: Не чека ’финале’ против Шкупи, а влогот е Европа

Работнички во последното коло од шампионатот, утре (16.30 часот) на „Тодор Проески“ арена го пречекува тимот на Шкупи. Во последните 90 минути, влогот е огромен, а составот на Баже Лазаревски сака да го задржи четвртото место кое води во квалификациите за Лигата на Европа. Со триумф над Шкупи, па дури и нерешен резултат, европскиот сон ќе стане реалност за „романтичарите“.
 
Капитенот Баже Илијоски вели дека последниот првенствен меч е големо ’финале’ за Работнички. 

„Не очекува вистинско ’финале’, многу важен натпревар против Шкупи. Влогот е излез во Европа, а противникот исто така се надева дека ќе успее да ја оствари целта. Ќе биде тешко, неизвесно, го знаеме тоа. Го респектираме и противникот, но подготвени сме за голема борба. Ќе играме на домашен терен и ќе сториме се за да стигнеме до позитивен резултат, кој ќе не одведе во Лигата на Европа. Во еден момент помисливме дека шансите се загубени, сега повторно имаме се во свои раце, и треба тоа да го искористиме. Свесни сме за тоа и веруваме во успех“, вели Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот. 

Утрешниот натпревар ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица.     

На останатите мечеви од последното коло во Првата лига се среќаваат: Ренова - Шкендија, Академија Пандев - Вардар, Победа - Македонија ЃП, Силекс - Беласица.    

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Тајмлес 2010“ и Горан Пандев: Шампионски прстен од Интер за Гранде Мачедоне (ФОТО)
25.05.2020
Најдобриот македонски фудбалер вечно ќе се сеќава на 2010, но ќе има шампионски прстен кој ќе го носи за спомен. Интер му подари шампионски прстен на Горан Пандев за фантастичниот успех што клубот го направи пред една деценија, кога го освои пехарот во Лигата на шампионите, но и трофеите во Серија А и во Купот на Италија.
Види детали