Џеват Елмас: За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче

Во врска со големиот медиумски интерес околу можниот трансфер на Елиф Елмас и многуте шпекулации во јавноста, за првпат во јавноста, во ексклузивен разговор за МАКФУДБАЛ се огласи неговиот татко и официјален агент г-дин Џеват Елмас.

„По последните случувања околу големиот интерес за Елиф Елмас и разните медиумски шпекулации во врска со неговата иднина, најпрво сакам да истакнам дека сите написи на личности кои се претставуваат како агенти на играчот се лажни. Официјални претставници на фудбалерот Елиф Елмас сме јас како негов татко и официјален агент и г-дин Никола Ѓошевски како мој најблизок соработник. Мој консултант за Италија е г-дин Џорџ Гарди. 

Можам да потврдам дека интерес за Елиф има од клубови од Италија, Англија, Шпанија и Германија. Елиф има договор со Фенербахче до 30.06.2022 година и поради тоа сите активности во врска со преговорите за иднината на Елиф ги работиме заедно и во координација со Фенербахче. За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче во зависност од тоа што е најдобро и за играчот и за клубот“,
вели за МАКФУДБАЛ, таткото на Елиф Елмас, кој е и негов официјален агент.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Официјално: Првата лига ќе заврши со плеј-оф и плеј-аут, ПМФЛ следната сезона со 12 екипи
29.05.2020
​Согласно очекуваното, Управниот одбор на ФФМ денеска и официјално донесе одлука за продолжување на сезоната во ПМФЛ согласно форматот за кој се изјаснаа мнозинството прволигаши, со плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање.
Види детали