Вардар не доби лиценца за настап во Европа!

Вардар не доби лиценца за настап во Лигата на Европа следната сезона, информираа денеска од Комисијата за лиценцирање при ФФМ.

Комисијата за Лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва МФЛ, а за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 донесе одлука да издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови: Академија Пандев АД - Струмица, Беласица АД - Струмица, Македонија ЃП 1932 АД - Скопје, Работнички АД - Скопје, Ренова АД - Скопје, Силекс АД - Кратово, Шкендија АД - Тетово и Шкупи 1927 АД - Скопје.

Притоа, донесена е одлука да не се издаде  лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови: Вардар АД - Скопје и Победа АД - Прилеп.

По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД - Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и донесе одлука да ја одбие жалбата на ФК Вардар АД - Скопје како неоснована. Притоа како што информираа од Комисија за лиценцирање оваа одлука е конечна.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали